Прилепчанец е еден од најдобрите бартендери – го освои Мајами, наредно патува за Берлин

Игор Илиоски од Прилеп работи на брод за познатата компанија Celebrity Cruses и важи за еден од најдобрите Бартендери за кој вреди да слушнат сите.

Минатиот месец во Мајами на Флорида се одржа натпревар на кој нашиот Игор ги имал најдобрите резултати во повеќе дисциплини, а тоа му донесе пласман во финалето кое ќе се одржи во октомври месец во Берлин.

На Игор засега му посакуваме среќа и желби да донесе титула и достојно да ги претстави нашиот град и држава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.