Гоце Неделкоски, професор во СОУ Ѓорче Петров Прилеп беше единствениот македонски професор кој учествуваше во панел дискусијата на пленарниот дел на меѓународната конференција во Торино, Италија во организација на Европската фондација за обуки ETF. На панел дискусијата на конференцијата тој зборуваше за проектот кој беше имплементиран во неколку прилепски и други средни училишта од Македонија, говорејќи за предизвиците со кои се соочувале и иднината на стручното образование – објави порталот “Инфо Компас”.
„Станува збор за проектот digitalschool.mk кој го имплементиравме со колегата Влатко Бутлески, професор во СОУ Ристе Ристески Ричко. На оваа меѓународна конференција бевме поканети во рамките на делот успешни приказни, каде нашиот проект беше избран како еден од малкуте повикани да биде претставен на конференцијата. На панел дискусијата говорев за искуството и предизвиците кои ги имавме со колегатапри имплементирањето на проектот кој беше воден од Здружението на граѓани – Жетва на знаење и во кој партнери беа 8 училишта за стручно образование и обука: СОУ Ристе Ристески Ричко од Прилеп, СОУ Горче Петров од Прилеп, СОУ Наум Наумоски Борче од Крушево, СОУ Крсте Петков Мисирков – Демир Хисар, СОУ Цар Самоил – Ресен, ОЕМУЦ Св.Наум Охридски – Охрид, СОСУ Св.Кирил и Методиј – Охрид, СОУ Таки Даскало – Битола, СЈО Јане Сандански – Битола, СОУ Орде Копела – Прилеп иСОЕПТУ Кузман Јосифиски Питу – Прилеп. Овој проект е наменет за подобрување на професионалните компетенции на наставниците и достигнувањата на учениците во училиштата за стручно образование и обука преку воспоставување нов концепт за дигитално учење и настава (концепт е-училиште), изјави за “Инфо Компас”, Гоце Неделкоски, професор по информатика во СОУ Ѓорче Петров Прилеп.
Целата статија прочитајте ја ТУКА