Компанијата “NEW AGE” од Прилеп е една од ретките компании кои во овие моменти на вондредна и тешка состојба во која се наоѓа земјата, ја покажуваат својата општествена одговорност.
“Почитувани, ова е време кога е потребна солидарност и поддршка.
Во борбата против вирусот “КОВИД-19” не можеме да се бориме како индивидуи, туку, заедно како општевство.
“New Age” како општествено одговорна компанија одлучи да донира антибактериски перници и постелнини во инфективните одделенија во:
?Општа Болница Борка Талески – Прилеп
?Клинички Центар – Скопје
Нашата цел е да помогнеме вистинските херои во моментов (медицинските лица) да имаат подобар и поквалитетен одмор, а пациентите побрзо и посигурно закрепнување.
Вистинско време е за вистинскиот “ПРЕДИЗВИК”!
Се надеваме дека ќе успееме да мотивираме и останати компании да се приклучат на оваа иницијатива.
Малите со мала, големите со голема помош, за на крај сите како победници излеземе од оваа ситуација.
Дотогаш #седетедома, поминувајте прекрасни моменти со вашето семејство и верувајте ќе дојде многу подобро време за брзо”, напишаа на својата Фејсбук фан страна од “NEW AGE”.
Фејсбук фан страната на “NEW AGE” посетете ја ТУКА