За прв пат после 8 години еден спортски клуб од Прилеп ќе излезе на европски терен
Гордоста на прилепчани, ЖРК Деспина во октомври ќе игра во Европскиот Куп, каде противник ќе им биде силната шведска екипа Скара.
Првите натпревари ќе се играат на 16/17 октомври, додека реваншите се на програмата за седум дена.
За жал, поради немањето соодветни услови во спортските сали во Прилеп, најверојатно и двата натпревари ќе се играат во Шведска, па на девојките од Прилеп им претстои тешка мисија да го минат овој исклучително силен противник.
Тоа доволно зборува во каква состојба е прилепскиот спорт последниве години…
Прилепчанки минатата сезона завршија на петтото место во женската ракометна Супер лига, со 14 победи и 10 порази.
Покрај Деспина во Европскиот куп ќе играат уште и Вардар, Металург и Чаир, кои добија многу полесни противници.