Прес24: Вечерва лидерска средба

mkd-202922

Политичките лидери од големата четворка вечерва се очекува да седнат на заедничка маса, брифираат за Press24 неофицијални дипломатски извори По неколку неделни напори, дипломатските претставници во земјава конечно успеаја да организираат лидерска средба.
На неа, политичките партии тргнуваат на своите веќе познати позиции.
За ВМРО-ДПМНЕ изборите се единствениот начин за излез од кризата. Според нив, СДСМ бега од избори бидејќи има катастрофален рејтинг.
За СДСМ, избори на 5 јуни не се опција. Тие бараат поништување на аболицијата и одложување на изборите.
Ставот на ДУИ е дека за нив е прифатливо секое решение, вклучувајќи ги и изборите на 5 јуни, доколку сите 4 партии потписнички на Договорот од Пржино се согласат на тоа.
Во ДПА владее молк. Нашите обиди да добиеме партиски став по актуелните прашања завршија без успех.
Политичките партии официјално не ја потврдуваат лидерската средба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.