Прво, второ и трето место за прилепските велосипедисти на “Куп на Град Скопје”, а Константин Костоски освои и трето место на трката од 65км. (Фото галерија)

Во организација на Велосипедската федерација на Македонија и “Гран Фондо”, изминатиот викенд се одржаа 2 трки на територијата на град Скопје.

Во саботата се возеше вечерна интернационална трка “КУП НА ГРАД СКОПЈЕ”, каде прилепските велосипедисти во кадетска конкуренција ги зазедоа првите 3 места, и тоа: Андреј Маџоски прв, Константин Костоски втор и Никола Ристески трето место.

Во неделата се возеше најмасовната велосипедска трка во досегашната вело историја на Македонија “Медио Фондо”, со должина од 65 километри и “Гран Фондо”, со должина од 121 км.

На трката зедоа учество повеќе од 350 велосипедисти од земјава и странство. Прилепските велосипедисти настапија и во двете конкуренции, и тоа: во “Медио Фондо” елит категорија со Константин Костоски, Никола Ристески и Младен Петрески, кои имаа одлични настапи.

Константин заврши на трето место, додека Младен беше петто рангиран, а Никола заврши на осмото место.

Андреј Маџоски беше пријавен за “Гран Фондо” елит конкуренција, a траката ја заврши со извозени 121 километар во првите дваесет елитни натпреварувачи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.