По 2 минутната средба со Заев и Димитров, Иванов им ја покажал вратата

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ги прими претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров.

-Информираме дека средбата траеше две минути. Во текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, информираат од Кабинетот на Претседателот.

Неофицијално, средбата била во непријатна атмосфера и претседателот Иванов им ја покажал вратата на Заев и Димитров, посочувајќи дека не споделуваат заеднички гледишта со луѓњ кои сакаат да ја избришат Република Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.