“Станува збор за исклучително силна екипа, со буџет и квалитет на играчи со кои нема споредба, па од тука резултатот е очекуван. Исто т ака, тројца од ракометарите од нашиот прв состав не играа, од различни причини, што дополнително ја ослабна нашата екипа. Сепак, нашиот интерес беше ракометарите да добијат меѓународно искуство, што е исклучително важно како подготовка за предизвиците кои ни предстојат. Можевме и ние како и други екипи да одбиеме да се натпреваруваме во европскиот куп, но искуството, мотивот и желбата беа во преден план. Ова нека биди и потсетување до прилепчани и бизнис секторот, дека доколку се вложува во спортот, може да се има резултати, во домашното првенство, но исто така и на натпревари од меѓународната сцена”, истакнуваат од клубот.