Компирот можете да го подготвите на разни начини, но ова е еден од најдобрите…
Состојки:
- 1 килограм компири
 - 50 грама колбаси
 - 200 грама кромид
 - 300 грама морков
 - 1 децилитар масло
 - Сол
 - Магдонос – ситно исечкан
 
Подготовка:
- Исчистениот компир исечете го на тенки парчиња;
 - Ситно исечкајте го и кром идот, морковот и колбасите;
 - Додадете малку масло и сол, па се добро промешајте;
 - Исечените колбаси и зеленчукот ставете ги на тепсија премачкана со масло;
 - Ставете да се пече 50 минути на 190 степени;
 - Јадењето е готово кога компирот ќе омекне. На готовото јадење наросете ситно исечкан магданос.
 
            
























