После долги години падна власта на претседателот Башар ал Асад во Сирија – Бунтовниците влегоа во претседателската палата (ВИДЕО)

Сириските бунтовници рано утринава влегле во претседателската палата во Дамаск, извикувајќи „Господ е најголем!“, изјавија очевидци за ДПА.

Еден жител на областа рече: „Видовме како вооружени борци влегуваат низ портите на палатата Палатата се нарекува Народна палата и се наоѓа во областа Мезех во западниот дел на Дамаск“.

Видеата на социјалните мрежи ги покажаа и бунтовниците во дворот на палатата и пред нејзините порти.

Непосредно пред тоа сирискиот претседател Башар ал Асад побегна од Дамаск. Бунтовниците влегле во палатата очигледно без отпор.

ВИДЕО од упадот во палатата




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.