Нелегалната сеча на шумата кај прилепското вештачко езеро и планината Дервен над езерото продолжува со несмалено темпо.
Граѓаните информираат дека речиси нема ден, а да не се забележат натоварени автомобили и запрежни коли со дрва, а тоа се случува и по неколку пати во еден ден.
Но, се чини дека после дабовата и букова шума на Дервен од страната на Прилеп и Велес, следна на удар е боровата шума околу вештачкото езеро.
Фотографиите кои ни ги испрати наш читател се загрижувачки. Се пусти и уништува се што ќе им дојде на патот на дивите сечачи, а надлежните се чини се уште спијат и покрај инцидентите во кои беа повpeдени полицajци неодамна.