Освен познатата балканска ѕвезда Аца Лукас кој и официјално го потврди својот настап, на овогодинешниот фестивал на скарата и пивото во Прилеп, ќе настапи и македонското девојче Каролина Гочева, дознава поталот музика24.
Каролина Гочева е одличен избор за овогодинешниот Пивофест 2016, а сцената пред десетиците илјади публика, ќе биде одлична можност за изведување на дел од песнитe од албумите “Македонско девојче” .
Овогодинешниот Пивофест ќе трае од 14-ти до 17-ти јули и ќе биде уште поспектакуларен и попосетен од минатогодишните. Општина Прилеп сеуште ја нема откриено целосната програма за фестивалот, но се ветува огромни изненадувања и пред се гарантирана забава за сите посетители.