Македонија се пласираше на третото место на табелата во групната фаза на Светското првенство во Франција и ја избегна Франција во осминафиналето на турнирот.
Најзаслужен за ремито од 27:27 против Исланд беше голманот Кирил Колев со 13 одбрани на голот на Македонија.
Нашиот голман беше вистински октопод и голем проблем за Нордијците.
Колев во последната минута фати и жива топка со која спречи ново водство на Исланд и голема радост кај сите Македонци.
Погледнете ја оваа маестрална одбрана на Кирил Колев:
Видео: Ракометни Вести
А.Г.