Од денес и официјално Победа има двајца нови фудбалери, со што листата на новоангажирани фудбалери е проширена на 7. Станува збор за одбранбените странични дефанизвни фудбалери Бојан Георгиевски и Звездан Ѓорѓиловиќ.
25-годишниот десен бек Георгиевски во Победа доаѓа од бугарски Нефтохимик, во нашиот фудбал настапувал за Вардар, Металург и Хоризонт Турново, а како интернационалец го носел дресот на Бате Борисов и Сконто Рига..
22-годишниот лев бек Ѓорѓиловиќ потекнува од српскиот прволигаш Борац Чачак, а настапувал и за Борац Бања Лука, Слога Пожега и Дрина Зворни. Во Победа доаѓа од екипата на Монтего Беј Јунајтед-шампионот на Јамајка со кој настапувал во Лигата на шампионите на Конкакаф зоната.
Георгиевски и Ѓорѓиловиќ ги задоволија вкусовите на Шефот на Стручниот штаб Зоран Штерјовски на контролните натпревари со Спартак и Крупа и пронајдоа заеднички јазик со клупското раководство за нивен ангажман.Претходно беше договорен ангажманот на голманот Никола Тошевски, а од стартот на подготовките на екипата се приклучија претходно ангажираните српски интернационалци Мирослав Станиќ и Милан Војводиќ, бразилскиот напаѓач Емерсон Рамон и доскорешниот член на Пелистер Благојче Коњарски.
На подготовките во Охрид Победа утре ќе го одигра последниот контролен меч во оваа фаза-од 13 часот со против второлигашот Велазерими од Кичево. Веднаш по мечот експедицијата се враќа во Прилеп а до почетокот на пролетниот дел од првенството планирани се уште пријателскиот меч во Турново против домашниот Хозризонт на 9-тти и учеството на меморијалниот турнир „Вуко Каров“ во Кавадарци на 11-тти и 12-тти февруари.