Победа играше против Победа и никој не победи: Црвено-белите сега се селат во Дојран

Фудбалерите на Победа вчера претпладне со меѓусебен меч ја завршија првата фаза од зимските подготовки за пролетниот дел од шампионатот на Втората лига-Исток.

Црвено-белите поделени во две екипи на теренот со вештачка трева одиграа меѓусебен меч кој заврши без победник 1-1. Стрелец на голот за ,,црвената“ екипа беше Марио Наумоски додека за ,,плавите“ со ефектен лоб погоди Антонио Бошески.

Фудбалерите, кои во меѓувреме ги завршија лекарските прегледи, утре добија слободен ден а од понеделник експедицијата на Победа втората фаза со 10-дневни подготовки продолжуваво Стар Дојран.

За време на подготовките во овој наш туристички центар ќе бидат одиграни контролни натпревари со Кожуф (27 јануари) и Беласица (2 февруари), а закажани се и два тест натпревари на 25-тти и 30-тти јануари со селекција на фудбалери кои бараат меѓународен ангажман.

По враќањето во Прилеп се закажани контролни средби со Тиквеш (6 февруари) и генералката со Воска (12 февруари).
Пролетниот дел на Втората лига-Исток со 16-тото коло продолжува на 19 февруари со гостување на Братство на Могила, во 17-тото коло на 26 февруари гостување на Детонит во Радовиш, а за крај на вториот круг во 18-тото коло е дуелот со Беласица во Прилеп на 5 март.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.