Падна првиот снег во Македонија: Зимска идила во Маврово

Времето денес изутрина е студено и ветровито.

Преку денот ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини. Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а понекаде во долините е можен слаб дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус 5 до 3, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Од недела времето повторно ќе биде стабилно, но со пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под минус 5 степени.

Инаку утрово снег има на високиот дел од Маврово, на планината Бистра, додека засега камерите не забележуваат снег на Попова Шапка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.