Опacнocтa во Азија се поголема! И покрај се не се откажуваат од нивниот специјалитет “супа од лилjaци”

Иако се верува дека кopoнавиpycoт се појавил токму од отворените пазари во Кина каде се продаваат и диви животни, ширум Азија таквите маркети и понатаму работат.

На туристичкиот острво во Индонезија на 7 април забележано е дека на импровизираните тезги, покрај свинско и говедско месо се продаваат и лилјаци, пренесува Индепендент.

Во Кина пак, на пазарите сеуште се преполни со мачки и кучиња во валкани кафези, а во провинцијата Гуангонг се продаваат лекови направени од лилјаци и скорпии.

Британскиот весник пишува дека во делови од Кина и југоисточна Азија овие видови на пазари продолжуваат со нивната работа, додека еколозите предупредуаат дека постои врска меѓу климатските промени, губењето на биолошката разноликост и зоонотските бoлecти, како што е и kopoнавиpycoт.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.