Од школски клупи, веднаш на работа: Ученици од индустриското училиште си се вработија во W I K благодарение на дуалното образование и нивните резултати (ФОТО)

Првата генерација на ученици од Техничар за производно машинство (дуално образование по германски модел) кои завршија во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” и покажаа посебен успех овие четири години од денес се вработени во W I K која е една од општествено одговорните компании во Република Македонија – информираат од ова средно училиште.

-Тие 4 години добиваа искуство преку изведување на практичната настава во оваа компанија и од денес се нејзини вработени.Соработката со оваа компанија продолжува и оваа година, а се надеваме дека истата во иднина и ќе се прошири.Успешни млади значи и успешни компании и успешни училишта. Со среќа на нашите ученици на нивните работни места – стои во соопштението од СОУ “Ристе Ристески-Ричко” Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.