Од денеска редовна авионска линија Белград – Охрид

avion-serbia-640x294

Првиот авион на „Ер Србија“денеска ќе слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ со што официјално ќе се означи воспоставувањето на авионската линија Белград – Охрид.

На настанот најавено е присуство на генералниот менаџер на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски, главниот извршен директор на „Ер Србија“ за врски и односи со Владата, Бранимир Маловиќ и на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачевски.

Воспоставувањето на оваа авионска линија се очекува да придонесе во развојот на туризмот и во зголемувањето на бројот на туристи од Србија, но и од други европски држави со кои белградскиот аеродром има директни конекции. Исто така, македонските граѓани ќе имаат поволни можности да патуваат до Србија и до европските држави.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.