На последниот ден од јануари почна продажбата на најатрактивниот модел на линијата Lada Vesta под називот Lada Vesta Sport. Минималната цена на овој автомобил е милион и 9 илјади рубљи (околу 13,4 илјади евра).
„Во состав на опремата влегуваат систем за стабилизација, клима уред, темпомат, мултифункционален волан, греење на предните седишта, сензори за дожд и светлина, аудио-систем”, се наведува на официјалниот сајт на „Лада“.
За комплет со задни камери, мултимедијален систем, навигациски систем и греење на ветробраните купувачите ќе мораат да издвојат 1 милион и 46 илјади рубли (околу 14 илјади евра).
Се наведува дека под хаубата на „спортската“ Vesta е вграден 1,8-литарски мотор со моќност од 145 коњски сили. Во комплетот исто така се испорачува и мануелен менувач.
„Кај автомобилот Lada Vesta Sport вкупно се употребени преку 200 нови делови и споеви“, се наведува во соопштението.