Mладиот мултиталентиран музичар од Прилеп, Филип Јездиќ, објави видео запис за својата нова композиција насловена како “Духот кој крвари”.
Се работи за одлично музичко дело, во кое Филип ги свири сите инструменти – гитара, бас, тапани и клавиатури, а негово дело е и самата музика.
– Ѝ давам живот на мојата нова музика! “Духот кој крвари” е инструментална композиција, настрана од музиката на моите бендови, во која јас ги свирам сите инструменти! – напиша Јездиќ на својот Фејсбук профил.
Аранжманот и видео спотот се дело на Томе Темелкоски.
Уживајте во продолжение: