Нови детали за убиството во Прилеп: Полицаецот убил за да не плати 4.000 евра за купениот автомобил

Полицијата до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 24-годишниот Е.Т. од Битола, вработен во Министерството за внатрешни работи како полицаец во битолската полициска станица, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

На обвинетиот му е одреден притвор од 30 дена.

Како што информира Министерството за внатрешни работи Е.Т. го контактирал 36-годишниот А. Б.во село Јеловјане и му понудил да му продаде патничко моторно возило марка „Голф 5“, сопственост на лицето Ј.С. од Битола. Двајцата се допишувале преку пораки на „Facebook“ при што се договориле истиот ден околу 14:30 часот А.Б. да го види возилото, кое од страна на пријавениот му било понудено за продажба за сума од 3.600 евра. Откако го виделе возилото, двајцата се упатиле кон село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде што наводно требало да ги чека сопственикот на возилото. Откако стигнале во атарот на селото Беловодица двајцата излегле надвор од возилото.

Во еден момент Е.Т. го извадил својот службен пиштол кој го носел со себе и испукал четири куршуми кон покојниот А. Б., кој бил усмртен на лице место.

Е.Т. од А.Б. одзел една чантичка во која имало 4.000 евра, пари кои му биле предвидени да му ги плати на сопственикот на возилото. Потоа, пријавениот од возилото извадил шише полно со бензин и црна капа која му ја ставил на лицето на покојниот Б.А. и откако го полеал со бензин го запалил. Откако го извршил кривичното дело, со возилото се упатил во правец кон Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.