СОСТОЈКИ: 1 л. доматно пире; 2 кг. пиперки; 500 гр. кромид; 500 гр. морков; 100 гр. сол; 100 гр. шеќер; 100 мл. јаболков оцет; 2 лажици магдонос; 1 ловоров лист; 1 конзерванс; 100 мл. масло; 6 чешни лук
ПОДГОТОВКА: Се ставаат кромидот сомелен и доматното пире на оган да крчкаат половина час, а за тоа време се сечат пиперките на коцки и се чистат, се лупи морковот и се сече на кругови и се меле лукот.
По пола час се додаваат пиперките, морковот и лукот, ловоров лист и се прелива се со масло и оцет, сол и шеќер. Се остава од 90 до 120 минути да крчка со мешање, а густината треба да е како за ајвар.
Се трга од оган и се ставаат магдонос и конзерванс, па се меша. Нека стои 10 минути да се лади, па наполнете 5 големи тегли и една мала. Ставете им капак и оставете ги каде што чувате зимница.