Многу значајна победа на пингпонгарите на “Младост 96” во X (десетто) коло од Супер лигата Здравје Радово. Во уште еден извонреден натпревар пред поеќе од 40 гледачи победена е екипата на “Телеком Нец” од Скопје со резултат 5-3. Александар Рикалоски имаше две победи, како и Антонио Стомнароски, и една победа извојува Александар Штаргоски. Со оваа победа “Младост96” се искачи на 5-то место на табелата со два повеќе пред “Младост”, “Телеком Нец” и “Радовиш”. Опстанокот е се поизвесен, а тоа може и теоретски да се оствари веќе во наредното коло каде младите пингпонгари гостуваат во Скопје на четврто пласираната екипа на “Вардар”. Со победа во Скопје “Младост96” потоа растеретено ќе го чека градското дерби со екипата на “Младост”.