Новак покажа уште еднаш колку голем човек е: За џентлменскиот потег на Србинот зборува целата спортска јавност (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Гренд слем турнирот “Ролан Гарос”, oткако со 3:0 го победи Александар Зверев.

Она што беше интересно на овој натпревар се случи во првиот сет, кога настана една спорна ситуација. За време на одигрувањето на осмиот гејм, Зверев сервираше, а линискиот судија топчето го виде во аут.

На истата одлука остана и главниот судија, кој се симна од столчето и ја потврди одлуката на својот линиски колега.

На тоа се налути германскиот тенисер кој беше убеден дека топчето завршило во поле. Веднаш потоа и Ѓоковиќ побара од неколку агли да се погледне дали топчето е во аут или не, а потоа и тој самиот одлучи дека сервисот на Зверев бил добар, иако двајцата судии тврдеа дека има аут.

Ваквиот потег на Ноле изнуди овации од публиката во Париз.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.