Eмине Ердоган, сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, околу 16 часа мината во пазарување во Белград.
Додека нејзиниот сопруг имал разговори со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претставниците од БиХ, Емине се распрашувала за цените на боровниците, доматите, пиперките, компирите…
Сопругата на Ердоган повеќе од половина час ги шетала тезгите и разгледувала по продавници, а од пазарот си заминала со полни ќеси со производи.
Некои од продавачите биле шокирани кога луѓето кои биле со нејзе и објасниле дека се работи за сопругата на Ердоган, а една госпоѓа која продавала грозје, се обидела од Емине да дознае каков ќе биде расплетот на турската серија која се прикажува на српските телевизии.