Македонците најмалку до крајот на август нема да може да патуваат во земјите од Европската унија.
Амбасадорите на земјите членки на ЕУ решија да не го ажурираат списокот на земји на кои им е дозволено патување во ЕУ врз основа на „подобра или слична епидемиолошка ситуација“, велат дипломатски извори од Брисел за „Танјуг“.
Изворите ја потврдуваат дека на листата на безбедни земји го нема Западен Балкан. Оценката на амбасадорите е дека епидемилошката состојба во земјите од Западен Балкан е доволно лоша, поради што само се потврди претходната одлука.
Списоците нема да се ревидираат во текот на август, поради колективен одмор во европските институции, но се остава простор и тогаш да се забрани влез на жители од одредени земји, ако се појави нагло зголемување на бројот на заболени од Koвид-19.
На листата на безбедни земји во кои Koвид-19 се смета дека е под контрола се: Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тунис и Уругвај.