Градот Скопје на Фејсбук се пофали со реализиран “мега проект”, ни помалку ни повеќе, туку поставиле паркинг држачи за велосипеди. Оваа објава предизвика бура реакции и потсмев од граѓаните, кои сметаат дека за нешто толку банално нема потреба од јавни фалби…
“Во рамки на Факултетот за ликовни уметности-Скопје, во објектот Сули Ан во Старата скопска чаршија, деновиве, беа поставени десетина паркинг држачи за велосипеди. Град Скопје, со оглед на зачестената употреба на велосипедот како превозно средство во овој период, ја препозна потребата од зголемување на капацитетите за паркирање, но и за проширување на велосипедските патеки, па оттука континуирано работи на реализација на вакви проекти со кои што ќе им излезе во пресрет на бројните велосипедисти”, напишаа од Град Скопје на Фејсбук.