Никола Буџак од Охрид напиша дека неговите документи и уверение за положени испити во Германија му биле вратени со образложение дека држава со името Република Македонија не постои.
“Ако се прашувате што се смени со „Северна Македонија” еве на пример во Германија ми вратија документи од сите мои дипломи, уверение за положени испити во Република Македонија уредно преведени и заверени на нотар со образложение дека таква земја не постои. Па сега да Ве прашам Вас сите во која земја дипломиравте Вие? Каде учевте Вие? Кои сте Вие?”, напиша Никола на својот Фејсбук профил.