Во Германија, во третиот квартал оваа година отворени се 1,24 милиони работни места, при што е забележан рекорден недостаток на работна сила, јавува “Институтот за истражување на пазарот за работа (IAB)”.
“Во споредба со истиот период минатата година, бројот на непополнети работни места порасна за 140.000”, пишува во соопштението на IAB кој функционира во соработка со Сојузната агенција за вработување од Нирмберг.
“Најголем недостаток има во областа на преработувачката индустрија, но потрагата во секторот услужни дејности, со повеќе од 600.000 отворени работни места, сеуште е најголем недостаток”, вели Александар Кубис од оваа организација.
Во градежништвото има 108.000 работни места, а во секторот логистика околу 87.000.
Најголем број отворени работни места има за кандидати со средно и вишо стручно образование (60,8%), потоа следуваат кандидати без квалификации (22%) и на крајот кандидати со факултетско образование (17%).
Германскиот пазар за работа веќе со години го мачи недостаток на работна сила, со се поголем број на пензионери.