Најбогатите луѓе на светот во понеделникот изгубиле 139 милијарди долари поради загриженоста на берзите дека коронавирусот ќе ја потресе светската економија, соопшти агенцијата “Блумберг”.
Ова е најголема загуба за најбогатите жители на планетата од 2016 година досега.
Така генералниот директор на компанијата “LVMH”, Бернар Арно, како и директорот на “Амазон”, Џеф Безос, останале без 4,8 милијарди долари.
Сопственикот на “Зара”, Амансио Ортега, загубил 4 милијарди, а Марк Закерберг, основачот на “Фејсбук” 3,48 милијарди долари.
Сметката на останатите милијардери од листата на првите 10 е за минимум 2,3 милијарди долари помала од претходно.
Американските берзански индекси на крајот од тргувањето во понеделникот паднаа за повеќе од 3%.