Најава за боксерски спектакл во Прилеп: Настан кој спортските љубители со нетрпение ќе го очекуваат (ВИДЕО)

Секретарот и менаџер на “Про Бокс Македонија” најави во дека во текот на месец јуни се планира да се организира голем професионален боксерски спектакл во Прилеп.

-Целта ни е после тригодишна пауза конечно да го вратиме професионалниот бокс во нашиот град. Во фајт кардот ни се одбрани најдобрите боксери од Прилеп. Мартин Крстески со скор од 1 победа и 1 загубена борба во профи рингот, дебитантите Матеј Чатлески, кој е двократен шампион на Македонија во бокс, и Илчо Костовски кој има 20 борби, од кои 15 победени и 5 загубени во аматерски бокс. Костовски сите борби ги има боксовано во Република Словачка.

Во однос на организацијата планираме да биди со одлична сценографија, професионално осветлување, професионален водител, девојки за рунди и музичка програма, а најважно гарантираме добри борби.

Не е исклучена можноста да имаме и плус профи боксери од Прилеп. Во програмата планираме да има до 10 професионални борби со боксери од Македонија, Балканот и Европа. Најдоцна до месец април ќе знаеме за датумот, времето и каде ќе се одржи овој боксерски спектакл – вели Дарко Чатлески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.