Преку проект на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, општина Прилеп и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, населеното место Големо Коњари ќе добие плоштад и парковска површина. Оваа инвестиција ќе чини три и пол милиони денари. Паркот ќе опфаќа пешачки патеки, хортикуларно уредени површини, клупи за одмор и детски реквизити за забава на најмалите. Со новиот парк, на жителите ќе им се овозможи дружење и забава, како на најмладите така и на постарите. Општина Прилеп, покрај редовното спроведување на активностите во градот, се грижи и за подобрување на културниот живот во руралните средини.