Прв говорник на денешниот централен митинг за поддршка на кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски беше ракометарот Наумче Мојсовски.
-Играв и не се штедев, играв со срце за екипата за оваа нација, не можам да кажам дека беше лесно и не секогаш чесно, но игравме до крај за победа, за горда и среќна нација. Убеден сум дека донесовме вистински одлуки, дека компормисите беа немионовни, дека припаѓаме таму каде што чекориме, кон НАТО и ЕУ. Сум одиграл многу тешки натпревари, против тешки противници, оваа земја има тешки натпревари пред себе со високи цели и со големи успеси и затоа јас, како Наумче Мојоски, знам дека Стево е вистинскиот играч. Знам дека Стево ќе го остави срцето на терен за оваа земја, знам дека Стево ќе биде играч за сите, истакна Мојсовски.