Младиот Златан Гајтаноски од Прилеп, за 55 минути исплива од Горица до Охрид, и имаше одличен настап на Илинденскиот пливачки маратон

Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ од Охрид, а под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално, на 2-ри август, се одржа 45-то издание на Илинденскиот пливачки маратон – Куп во далечинско пливање на патеката Горица-Охрид во должина од 2,5 километри.

Помеѓу 77 учесници од 12 клубови од Македонија, за прв пат на маратонот настапи и прилепчанецот Златан Гајтаноски, кој се натпреваруваше во категорија на пионери до 15 годишна возраст.

Нашиот прилепчанец маратонот го преплива за 55 минути и заврши на средината на ранг листата на пливачи кои успешно ја поминаа патеката.

Да му честитаме за успехот и да му посакаме уште поголеми успеси во иднина!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.