Марјан Ѓорѓиоски од прилепското село Подвис е ограбен од страна на меѓународна криминална група. Преку електронска пошта му украдиле 30.000 евра.
Се започнало пред една година кога Марјан добил e-mail од извесна Елизабет Кенет, која тврдела дека по смртта на татко и наследила инвестициски фонд вреден 4,5 милиони и дека преку афричката стандард експерт банка бара партнер на кој би му отстапила милион долари за да ги вложи во Македонија.
За сето тоа да биде возможно, Марјан морал да ја стави на располагање трансакциската сметка и да вложи близу 30.000 евра за да добие лиценци од афрички институции.
Марјан веќе една година бара помош од македонската полиција и од Интерпол, бидејќи како што тврди тој не е единствениот измамен од оваа криминална група.