Мбапе бил парализиран – Целата ситуација се криела од јавноста

Вистинска драма се случила во француската репрезентација, во завршницата на Мундијалот.

Килијан Мбапе зад себе има одлично Светско првенство. Стана шампион со својата репрезентација, а воедно е прогласен и за надобар млад играч.

Но информацијата што се појави по завршувањето на првенството ја шокираше јавноста – на последните две утакмици Мбапе не излегол целосно подготвен.

Како што наведува “ЛЕкип”, за време на туширање Килијан паднал и го повредил рбетот, а неговите колеги му помогнале да стигне гдо креветот и веднаш го повикале лекарот на репрезентацијата, Франк ле Гал. Фудбалерот бил парализиран, едвај се движел.

Успеале да го оспособат за претстојните утакмици, иако целата ситуација морале да ја сокријат од новинарите. За тоа време напаѓачот не тренирал, а на утакмиците имал мала задршка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.