Огромна трагедија се случила вчера во прилепско селото Дебреште.
При изведување градежни работи на куќата сопственост на С.Д. 68-годишниот В.Н. од Македонски Брод паднал од кровот на куќата. Од падот несреќниот маж се здобил со тешки телесни повреди. Истиот бил пренесен во Медицинскиот Центар Прилеп, каде во 15 часот и 20 минути за жал им подлегнал на повредите.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.