Учениците од нижото музичко училиште “Ордан Михајлоски – Оцка”, по којзнае кој пат докажаа дека Прилеп е огромен расадник на музички таленти.
Во вторникот талентираните ученици заедно со нивните ментори, во преполната сала на Центарот за култура “Марко Цепенков”, го одржаа својот традиционален Новогодишен концерт. Дечките се претставија со одлични изведби и ги воодушевија присутните.
Зад нив е уште една успешна година и голем број освоени награди и признанија, како на домашна сцена, така и надвор од Македонија.
Им посакуваме уште поуспешна 2024година!