Исполнети се сите услови за организирање на изботите на 11 декември. Ваква одлука донесоа лидерите на четирите најголеми политички партии по седумчасовна расправа во Клубот на пратениците. Во овој момент се очекува официјално да биде ставен потпис на документот со кој се потврдува дека е реализирано се што беше договорено на 20 јули. Во петок на собраниска седница ќе биде избрана новата Влада за спорведување на изборите, а во сабота МРТВ треба да добие нов главен и одговорен уредник.