Кој е единствениот човек што може да патува без пасош насекаде низ светот?

Британската кралица Елизабета Втора е владетел на Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд и уште 12 кралски земји од Комонвелтот, што е титула која носи многу привилегии.

Една од привилегиите е тоа што кралицата може да патува во странство без патнички документи.

Се работи за привилегија што исклучиво ја има кралицата Елизабета Втора, која не важи за другите членови на британското кралското семејство.

Освен во земјите со кои владее, кралицата може да патува без пасош низ целиот свет, а ќе биде запаметена во историјата како британски монарх кој посетил најмногу земји во светот – 116.

Исто така, треба да се напомене дека сите британски пасоши се издаваат од име на кралицата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.