Мајките работат многу работи 94 часови неделно и тоа без било каков финансиски надоместок. Се проценува дека би требало да заработуваат 113.568 долари (85.000 евра) годишно.
Кога се во улога на мајка, жените не го сметаат времето. Било да се вработени или домаќинки, секојдневно се соочуваат со низа неблагодарени работи: готвење, набавки, носење и земање на децата од училиште, тренинг и разни други активности. И сето тоа без било каков паричен надоместок.
Истражувањето кое што го спровело американскиот сајт Салари.ком, а со кое се опфатени 6.000 жени, покажува дека мајките-домаќинки „работат“ 94 часови неделно и дека би требало да заработуваат 113.568 долари или 85.000 евра годишно. Вработените мајки, пак, би требало да примаат 67.436 долари (50.000 евра) годишно за работите кои ги извршуваат дома, а кои им одземаат 58 часови неделно.
Овие износи се пресметани на основа на одговори на испитанички и цените на одредени работи на пазарот на труд. Со оглед дека минуваат 14,4 часови неделно чистејќи по дома и имајќи предвид дека еден час работа на куќна помошничка изнесува 10,10 долари, мајките би морала само за таа работа да заработуваат 145,54 долари (106 евра) неделно. Готвење, на кое трошат 14 часови неделно, требало да се наплатува 13,56 долари на час и така натаму.