“Кога почнува исплатата на извршните решенија со парите од “Пивофест”??” (ВИДЕО)

 

Прес конференција на Хари Локвенец (17.07.2012 година), актуелен пратеник од СДСМ.

“Искрено сакаме да им се заблагодариме на прилепчани и за овогодинешната поддршка на пивофест, како и секогаш се покажаа како одлични домаќини и честити луѓе, кои знаат да се справат и носат со манифестации, во најмала рака, од балкански размер.

Се покажа дека манифестацијата која беше отпочната и иницирана во време кога СДСМ стоеше на чело на градот, е еден успешен проект, кој носи огромен бенефит и економска полза за Општината, проект кој премина во симбол и традиција за градот.

Во иднина, сите оние работи кои граѓаните ги подржуваат од аспект на целосната организација на фестивалот ќе останат, а нивните забелешки ќе бидат разгледани и имплементирани, со цел да имаме уште поубава манифестација.

Оваа Јубилејна, 10 годишна поред организација на пиво фест, всушност и ја потврдува оправданоста на еден ваков настан, од аспект на илјадниците посетители и многуте тони потрошени и конзумирани пиво и скара.

Според тоа, точни се бројките за големиот прoмет на угостителите, дуќанџиите хотелиерите, итн, во градот, но исто така големa добивка има и Општината. Според она што официјално имавме прилика да чуеме од организаторот, само од паркинг услуги Општината инкасирала повеќе од пет милиони денари.

На што ќе се потрошат милионските суми кои Општината ги собра за Пиво Фестот ?

Нашиот предлог е: Со милионскиот приход од овогодинешниот Пиво Фест, Општината да ги плати извршните решенија за комунални долгови на социјалните случаи во градот”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.