И денеска намалување на цените на гopивата: Еве по колку ќе чинат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42% во однос на одлуката од 4.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,077%, кај дизелот за 1,823%, кај екстра лесното масло за 2,619% и кај мазутот зголемување за 0,624%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 6.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,343 (денари/килограм)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.