Во петок 15.1.2016 година во 19.00 часот во галеријата од ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложба на дела од уметниците членови на ДЛУП(Друштво на ликовни уметици Прилеп). На изложбата ќе се претстават 20 уметници кои ќе го презентираат најновото творештво.
Со отворањето на оваа изложба ЦК ,,Марко Цепенков,, ја започнува програмата за работа на ликовен план за 2016 година.
– И годинава ќе се потрудиме на прилепските љубители на ликовната уметност да им го понудиме најдоброто на полето на ликовната уметност во земјата – велат од Центарот.