Референдумското прашање: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот на Република Македонија и Република Грција“ е двосмислено, конфузно, збунувачко, сугестивно и збунувачко, ја нападна утринава експретседателката на Уставниот суд Елена Гошева уставноста на одлуката на Собранието за распишување на референдумот.
„Оваа одлука сметам е неуставна и предлагам времена мерка стопирање на активностите за референдумот, до донесување конечна одлука на Уставниот суд“, предложи Гошева, која е судија-известител за овој предмет.
За Гошева, министерот за надворешни работи Никола Димитров немал мандат за склучување на ваков договор со Грција. Договорот пак нема правна сила, зашто не бил ратификуван во Собранието, вели таа.
Гошева сметаше дека место едно наведувачко прашање, треба да има три прашања на референдумот, две за членствата, едно за договорот.
Сепак, Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година.
За отфралење на иницијативата гласаа седум уставни судии, а за беа двајца Елена Гошева и Јосиф Јосифовски.