Несекојдневна емотивна приказна ни доаѓа од сојузната држава Јалиско во Мексико.
Едно обично саботно утро Раул Марин Сеја пешки тргнал кон работа, меѓутоа, се случило нешто што во целост му го променило животот. Сеја на патот пронашол штотуку родено бебе, замотано во ќебенце, со остаток од папочната врвка.
Веднаш повикал Брза Помош и бебето било пренесено во најблиската болница. Иако било фрлено на земја, докторите за цела среќа потврдиле дека во целост ќе закрепне.