Холивудската ѕвезда и една од омилените актерки, Џулија Робертс (51), гостуваше во шоуто на познатата водителка Елен Деџенерис, каде што беше целосно трансформирана во најпопуларната ријалити ѕвезда – Ким Кардашјан!
Џулија и Елен се шегуваа во врска со бројот на следбеници на „Инстаграм“, а потоа домаќинката, која има повеќе следбеници од Робертс, дојде на идеја да ѝ „помогне“ да стане уште попопуларна на социјалните мрежи.
Елен го ангажира својот тим за да ѝ стави огромни гради на Џулија и егзотична наметка, па актерката се претвори во – бујната Ким!