Екс директорката на ЈП за ПУП Прилеп повикана во обвинителство за набавката на автобусите?

Неофицијално деновиве прилепското јавно обвинителство ја повикало бившата директорка на ЈП за ПУП на распит за набавката на четирите автобуси во јавниот превоз.

Ова беше и за очекување по апелот и на амбасадорката на САД, дека крајно време е да се справи државата со корупцијата и противзаконските набавки.

Да потсетиме дека четирите автобуси кои користат метан, а истиот се уште го нема во Прилеп, беа набавени на скандалозен начин.

Сомнителна беше и цената, која изнесуваше 250.000 евра за еден автобус.

Да потсетиме дека за слична сомнителна набавка екс министерката Јанкулоска веќе е во затвор.

Дали ова е доказ дека прилепското обвинителство почнува да расчистува со кpиминалот во ЈП последниве 4 години?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.