Учениците од економското училиште “Kузман Јосифоски-Питу”, повторно се закитија со награди на литературниот конкурс организиран од Клубот на литературните творци на град Прилеп по повод Св.Никола-патрон на градот.
Учениците се натпреваруваа во две категории, и тоа: најдобра лична творба ( поезија) и најдобра лична творба (проза).
Освоени се неколку втори и неколку трети награди во двете категории од страна на ученичките: Михаела Ржаникоска, Викторија Цветаноска, Христина Нунеска, Тамара Мирческа и Сара Тасеска-ученички од прва и втора година при СОЕПТУ„Кузман Јосифоски-Питу“.
Среќни на успесите на ученичките се и нивните менторки, професорките по Македонски јазик и литература: Соња Мирческа и Цеца Видова-Трајческа.
Настанот се одржа во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“-Прилеп.